Top Sport

ПСЖ „го врзува“ Мбапе со 32 милиони евра годишна плата

Француски ПСЖ е подготвен да му понуди нов договор на напаѓачот Килијан Мбапе со годишна плата од 32 милиони евра. Ова на Твитер го напиша новинарот на „Ла Газета дело Спорт“, Николо Шира.

Инаку договорот со 22-годишниот француски репрезентативец ќе се пресметува до 2026 година.

Претходно беше објавено дека Мбапе чека на понуда од Реал Мадрид и не сака да остане во ПСЖ.

Неговиот актуелен договор е до 30. јуни 2022 година.

Мбапе во ПСЖ е од 2018 година. Минатата сезона настапи на 47 натпревари, постигна 42 гола и имаше 11 асистенции.

Scroll to Top