Иако Манчестер јунајтед ја отфрлија можноста за трансфер на Пауло Дибала од Јувентус, заминувањето на Аргентинецот од Торино е извесно, откако повеќе италијански извори сметаат дека тој ќе заврши во Пари Сен-Жермен.
Јуве се надеваа дека ќе го заменат Дибала за Ромелу Лукаку, но во неделата стана јасно дека од тој договор нема ништо. Аргентинецот јасно посочи дека не сака трансфер на „Олд Трафорд“, а Манчестер јунајтед сметаа дека платата која ја бара е „неоправдана“.
Според „Кориере дело спорт“, Дибала е „налутен и навреден“ од обидите на Јувентус да го примораат на трансфер, но би прифатил трансфер во клуб кој игра во Лигата на шампионите. Пари Сен-Жермен, секако би биле заинтересирани, но и Интер, кои би се согласиле за „трампа“ со Мауро Икарди.
Преодниот рок во Серија А трае до 2 септември, така што има уште доста време за договор.