Top Sport

ПСЖ или Реал, Ливерпул е веќе во осмина-финалето

Фудбалерите на ПСЖ, без најдобриот играч Нејмар, во вторник, во Париз во осминафиналниот реванш во Лигата на шампионите ќе се обидат да ја надополнат негативата од 1:3 и да го елиминираат од понатамошните натпревари актуелниот шампион Реал Мадрид.

Нејмар ја заврши сезоната поради фрактура на стапалото, но отсутвото на Бразилецот не е единствениот проблек со кој се соочува тренерот Унаи Емери, бидејќи неизвесен е настапот на Килијан Мбапе.

Настапот на тинејџерот ќе биде под знак прашалник до последен момент, што значи дека шанса ќе добијат оние кои од почетокот на сезоната се во втор план. Француските и шпанските новинари се сигруни дека местото на Нејмар ќе го пополни екс играчот на Реал, Анхел Ди Марија, а својата шанса ја чека и гермаснкиот репрезентативец Јулијан Дракслер.

Парижаните исто така се надеваат дека ќе ја продолжат традицијата, кога станува збор за дуелите кои ги играат на домашен терен. ПСЖ на последните 19 натпревари има исто толку победи на „Паркот на принцовите“, меѓу кои се победите над Барселона (4:0) и минхенски Баерн (3:0).

„Магијата на Париз е нашшата надеж“, рекол Емери, повторувајќи ја фразата со која француските уметници и поети со векови наназад го опишуваат градот.

Кадровски проблеми има и Зинедин Зидан, веројатни и поголеми од оние со кои се соочува Емери. Двајца од тројцата играчи во средниот ред се под голем знак прашалник. Тони Крос ги пропушти последните пет, а Лука Модриќ последните четири натпревари на Реал.

Двајцата се со тимот во Париз, меѓу играчите што Зидан ги пријави за настап, но прашање е дали ќе бидат подготвени за настап од првата минута. Подобра е ситуацијата со Марсело кој во саботата одигра едно полувреме против Хетафе.

Реал е и во значајно подбра форма, тимот има четири победи на последните пет натпревари, а впечатокот е дека Кристијано Роналдо игра далеку подобро него што тоа го правеше пред месец или два.

Вечерва осминафиналниот реванш ќе го одиграа Ливерпул и Порто. Во овој дуел нема никаква неизвесност бидејќи Ливерпул првиот натпревар на гостински терен го доби со 5:0. Традицијата исто така е на страната на „црвените“, тие имаат три победи и две нерешени во досегашните пет соочувања со Порто.

Менаџерот Јирген Клоп веројатнио ќе комбинира сос сотавот, а во мислите повеќе ќе му биде дербито со Манчестер Јунатед во Премиер лигата кое го очекува овој викенд.

Scroll to Top