Top Sport

(Видео) ПСЖ испорача пет гола во мрежата на Монако

Foto/ EPA

Фудбалерите на ПСЖ ја извојуваа шестата последователна победа во француската Лига 1. „Светците“ славеа убедлива победа (5:2) над Монако.

Поведоа преку Гонзало Рамос во 18. минута, но само четири минути подоцна Минамино израмни за Монако.

До крајот на првото полувреме, Килијан Мбапе му донесе ново водство на ПСЖ со својот 301. гол во кариерата, од пенал.

Усман Дембеле во 70. минута ја зголеми предноста на ПСЖ, а Витиња само две минути подоцна го реши прашањето на победникот.

Балогун успеа да го намали резултатот, а петтиот гол за ПСЖ го постигна Коло-Муани во 97. минута.

ПСЖ стигна до 30 бодови, и е на првото место на табелата во Лига 1, додека Монако е трет со 24 бодови.

Сега тимот на Луис Енрике може да се фокусира на следниот натпревар, кој ќе биде во Лигата на шампионите, во вторник ПСЖ ќе пречка Њукасл.

Scroll to Top