Сагата околу трансферот на Нејмар во ПСЖ и обвинувањата за кршењето на правилата од финансискиот фер-плеј на УЕФА, се уште не го добие својот епилог, а челниците на францускиот шампион се подготвени на фудбалскиот свет да му понудат уште една трансфер драма.
Каталонскиот весник„ Мундо депортиво“, објави дека ПСЖ подготвил сензационална понуда од 270 милиони евра за Бразилецот од Барселона Фелипе Кутињо.
Кутињо, имаше сериозни понуди од Реал Мадрид и токму од ПСЖ и минатото лето, но Ливерпул реши да го испочитува џентлеменскиот договор и да го испрати Бразилецот во Барселона, во јануарскиот преоден рок.
Поради тоа искуство, челниците на ПСЖ, ги контактирале менаџерите на Кутињо, а не клубот. Нивната намера е да го донесат најдобриот пријател на Нејмар во Париз, со што би биле сигурни дека тој нема да побара трансфер.
@mundodeportivo | OFFRE DU PSG DE 270M d’€
➡️Le club parisien veut tenter de prendre un crack au Barça ils vont tout faire pour Coutinho #ForçaBarça pic.twitter.com/93dXwSAgJl
— BlaugranaFR (@_Blaugrana_FR) July 9, 2018
Јасно е дека Нејмар е интересен за Реал, бидејќи со заминувањето на Кристијано Роналдо „кралскиот клуб“ ќе остане без врвна ѕвезда во тимот. Поради тоа ПСЖ тргнува по Кутињо, кого Нејмар во еден разговор го нарекол „мојот брат“. Со евентуалниот трансфер на сонародникот, Нејмар би добил дополнителен мотив да остане на „Паркот на принцовите“.
Сепак, колку приказната на „Мундо депортиво“ да е сензационална, најповикани во овој случај се челниците на Барселона, особено поради фактот што клубот веќе го напуштија двајца значајни играчи од редот за врска, Андрес Иниеста се пресели во Јапонија, а Паулињо се врати во Кина.