Нејмар го кажа своето, не сака да остане во ПСЖ, желбата му е да се врати во Барселона, а изгледа дека во Париз немаат ништо против незадоволниот фудбалер да го напушти клубот.
Челниците на ПСЖ биле подготвени да ја преполоват сумата според која Нејмар би можел да го напушти клубот. Шпекулациите говорат дека Бразилецот би бил слободен за сума помеѓу 130 и 150 милиони евра, но во тој случај ПСЖ бара и двајца играчи на Барселона.
„Паризиен“ тврди дека во Барселона нема да се согласат, односно дека нема да дозволат ПСЖ сами да бираат играчи.
Понудата на Барселона е пари и Кутињо за Нејмар, додека истиот извор пишува дека ПСЖ покрај пари во трансферот сака да бидат вклучени Самуел Умтити и Иван Ракитиќ.