Top Sport

ПСЖ ја врати титулата во Париз (Видео)

На пет кола до крајот на првенството, ПСЖ ја освои титулата во Франција. Екипата од Париз ја освои петтата титула во последните шест години, која е седма во историјата на клубот.

На пет кола до крајот на првенството ПСЖ има 17 бода повеќе од се уште еактуелниот шампион Монако.

ПСЖ во дербито на колот го декласира токму Монако со 7:1.

Дека на Монако нема да го памети по добро ова гостување во Париз, ПСЖ најави во почетните 27 минути кога два гола постигна Ло Селсо, а по еден Кавани и Ди Марија.

Резултатот потоа го намали Рони Лопез, по што следуваше нова канодана кон голот на Субашиќ. Ди Марија го постига вториот гол на мечот, Фалкао го совлада својот голман, а конечните 7:1 ги постави Дракслер.

Scroll to Top