Јувентус најверојатно ќе ја пропуштат шансата да го вратат напаѓачот на Евертон, Моисе Кин, кој е пред потпис на Пари Сен-Жермен, тврдат француските и италијанските медиуми.
Италијанецот беше поврзуван со враќање во Торино откако Евертон беа разочарани од 20-годишниот Кин, кого го купија за 30 милиони евра мината сезона. Ниту Марко Силва, ниту неговиот заменик Карло Анчелоти не му даваат шанса на Кин да биде стартер и подготвени се да го продадат напаѓачот.
Јувентус се обидуваа да го добијат Кин на позајмица, но без обврска за купување, но сега според „Телефут“, Евертон се пред договор со ПСЖ, кои се подготвени да ја дадат сумата од 20-тина милиони евра.
Во Париз тој би бил соиграч на колегата од италијанската репрезентација, Алесандро Флоренци, кој одлично се вклопи по позајмицата од Рома.