ПСЖ немаат намера да застанат со засилувањата во преодниот рок. Откако во Париз пристигнаа Џиџи Донарума, Серхио Рамос, Жоржињо Вајналдум и Ашрав Хаким, следен на спиското е Хоакин Кореа.
Кореа има 26 години, последните три сезони играше во Лацио. Италијанските медиуми објавија дека ПСЖ и Лацио постигнале договор и дека трансферот наскоро ќе биде реализиран.
ПСЖ за Аргентинецот ќе плата 18 милиони евра и во Лацио ќе го испрата шпанскиот репрезентативец Пабло Сарабија.
Кореа, покрај Лацио, во кариерата играл и во Есудијантес, Сампдорија и Севилја.
Лацио за неговиот трансфер на Севилја во 2018 година и платија 16 милиони евра.