Пари Сен-Жермен се подготвени да го искористат одбивањето на Наполи да плати 42 милиони евра за Хамес Родригез за да го донесат Колумбиецот во Париз, иако неговата поранешна сопруга вели дека сè зависи од Реал Мадрид.
Колумбиецот не ја криеше желбата да се обедини со Карло Анчелоти во Наполи, откако работеше со него во Мадрид и во Баерн Минхен, меѓутоа претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис во петокот потврди дека не планираат да ја платат таа сума и побара Реал да го пуштат на позајмица со обврска за купување.
Сега, според „Ле 10 спорт“ од Франција, ПСЖ се подготвени да влезат во преговори за да ја искористат желбата на Реал тој да замине надвор од Шпанија.
„Од тоа што го знам јас, има три или четири клубови кои го сакаат. Но, честопати трансферите не зависат од желбата на фудбалерот. Реал ќе го каже последниот збор“, изјави Даниела Оспина, поранешната сопруга на Родригез.