Top Sport

ПСЖ ќе го откупи Мауро Икарди

„Газета дело Спорт“ и „Калчомеркато“ тврдат дека започнале преговорите кои на Мауро Икарди ќе му донесат перманентен договор со Пари Сен Жермен. Условите околу реализицијата на трансферот ги договарале спортскиот директор на ПСЖ Леонардо и сопругата на Икарди, Ванда Нара.

Икарди е персона нон-грата во Интер. Аргентинецот откако ја загуби добрбата на клупските челници и навивачите реши да а прифати понудата од ПСЖ. Во Париз се пресели на едногодишна позајмица со договор помеѓу клубовите дека ПСЖ ќе можат да го откупат за 65 милиони евра.

Аргентинецот добро ја започна кариерата во ПСЖ, веќе има постигнато девет гола, поради што претседателот Насер Ал Келаифи наложил клубот веќе во јануари да го откупи неговиот договор.

ПСЖ биле подготвени да му понудат петгодишен договор и плата од 12 милиони евра, без бонуси, по сезона. Ова значи дека откако ПСЖ ќе го платат обесштетувањето Икарди ќе ги чини 125 милиони евра.

Scroll to Top