Top Sport

ПСЖ ќе „раскине“ со Ерера, тој како слободен играч ќе се врати во Билбао

Пари Сен-Жермен ќе му го раскинат договорот на Андер Ерера две години пред крајот, за да дозволат шпанскиот ветеран да се врати во својот стар клуб Атлетик Билбао, тврди „Л’Екип“

33-годишниот Ерера пристигна во Париз од Манчестер јунајтед во 2019 година, иако сакаше да остане на „Олд Трафорд“, но не беше во плановите на новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие и не отиде со клубот на турнејата во Јапонија.

Ерера е роден во Билбао, и се приклучи на Атлетик во 2011 година, откако ја почна кариерата во Реал Сарагоса. По само две години во баскискиот клуб, Јунајтед се обидоа да го донесат во август 2013, кога Дејвид Мојс го замени Сер Алекс Фергусон, но за договор мораше да се почека до следната сезона, кога Мојс веќе не беше менаџер.

Scroll to Top