Top Sport

ПСЖ лесно и убедливо со Дижон, Мбапе двапати прецизен (видео)

Фудбалерите на ПСЖ лесно и убедливо славеа во дуелот со Дижон во рамки од 27. коло од француската Лига 1. По убедливите 6-1 пред половина месец во рамки на Купот на Франција, вечерва „Светците“ со 4-0 го средија противникот кој се бори за опстанок во првата француска лига.

Првиот и единствен гол во првите 45 минути беше дело на Сарабија во 3 минута.

Очекувано, Килијан Мбапе беше ударната игла во нападот на ПСЖ. Иако подолг период од мечот гостите одолеваа на нападите на домашните, сепак Мбапе во 74 минута донесе пристојни 2-0.

Само неколку минути потоа, Икарди со нов погодок го реши прашањето на победникот, а Мбапе со својот втор погодок во 91 минута стави точка на натпреварот.

ПСЖ е неприкосновен на врвот на табелата со 68 бода, дури 13 повеќе од второпласираниот Марсеј.

Scroll to Top