Пари Сен-Жермен стигна до нова убедлива победа, „торпедирајќи“ ги Стразбур со 4:0 за да останат на еден поен зад лидерите Лион и Лил, кои исто така остварија победи во пред-божиќното коло во Лига 1.
Тимоти Пембеле со првиот гол во сениорскиот тим на ПСЖ донесе водство уште во 18-тата минута, но потоа Стразбур ги „стиснаа“ своите редови. Килијан Мбапе во 80-тата минута, конечно, го постигна вториот гол, пред Геје и Кин во 88. и 91. минута да ја потврдат победата.
Лион останува лидер во Франција по 3:0 победата над Нант, додека и Лил го оддржува темпото, по драматичната 3:2 победа кај Монпелје.
ЛИГА 1, 17.КОЛО
Бордо – Ремс 1:3
Ленс – Брест 2:1
Ница – Лориен 2:2
Ним – Дижон 1:3
Рен – Мец 1:0
Анжер – Марсеј 2:1
Лион – Нант 3:0
Монако – Сент-Етјен 2:2
Монпелје – Лил 2:3
Пари Сен-Жермен – Стразбур 4:0