Top Sport

ПСЖ, Монако и Борусија (Д) во трка по потписот на Заха

Француските клубови ПСЖ и Монако, како и германскит фудбалски гигант, Борусија Дортмунд сакаат во своите редови да го доведат напаѓачот на премиерлигашот Кристал Палас, Вилфрид Заха.

Минатото лето Арсенал и Евертон се обидоа да го земат Заха во своите редови, но тогаш Управата на Палас бараше синоки 80 милиони евра за голгетерот.

Тренерот на Палас, Рој Хоџсон неодамна изјави дека неизвесна е иднината на Заха во клубот од Лондон.

„Тоа е дилема за клубот и дилема за него, дали ќе остане или ќе замине. Доколку чувствува дека веќе не сака да биде со нас, тоа ќе биде тажна вест за нас“ – рече Хоџсон.

Договорот на Заха со клубот е до 2023 година, а фудбалерот посакува да биде дел од клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите.

Scroll to Top