Пари Сен-Жермен го отвори 11. коло во Лига 1 со рутинска 3:0 победа над Ница за зголемување на водството на врвот на табелата на 7 поени пред шампионот Монако во меч во кој не можеше да смета на бразилската ѕвезда Нејмар.
Нејмар го отслужуваше мечот суспензија поради црвениот картон кој го доби при дербито со Марсеј (кое заврши 2:2), но за среќа тимот на „светците“ има доволно напаѓачка сила во ликот на Единсон Кавани за да го победи тимот на Марио Балотели со 3:0.
Кавани го отвори резултатот уште во третата минута, кога по слободниот удар на Анхел ди Марија најдобро се снајде пред голот на Валтер Бенитез, за во 31. минута по нова одлична асистенција на Ди Марија да ја „излаже“ одбраната на Ница за 2:0.
? Cavani vs. Balotelli more competitive than the match. #PSGOGCN pic.twitter.com/zUgT0H1tUO
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) October 27, 2017
На почетокот на второто полувреме во 52. минута, Кавани повторно се најде во шанса и неговото нафрлање во петерецот го „закачи“ дефанзивецот на гостите, Данте за убедливо водство од 3:0 на „Паркот на принцовите“. ПСЖ уште е непоразен во шампионатот со 9 победи и 2 ремија.
Уругвајскиот напаѓач очигледно е „охрабрен“ со доаѓањето на Нејмар во Париз, бидејќи во 10 меча оваа сезона за ПСЖ има постигнато 11 голови! Кавани исто така имаше и еден интересен „момент“ против Балотели, покажувајќи дека нема голема толеранција кон „ѕвездите“.