Top Sport

ПСЖ му нуди 45 милиони евра годишно на Кристијано Роналдо

ПСЖ и во овој преоден рок ќе се обиде да го ангажира најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо. Во Париз биле подготвени да му понудат годишна плата од 45 милиони евра, сума која ќе го задоволи неговото его, бидејќи на тој начин ќе биде пред Лионел Меси, кој во Барселона годишно заработува 40 милиони евра.

Роналдо и лани беше незадоволен од годишната плата, доби ветување од претседателот Флорентино Перез, дека неговата плата ќе биде зголемена, но очигледно е дека нема добие покачување. Португалецот има плата од 21 милиони евра.

Весникот „Ас“ пишува дека токму на таа карта играат во Париз, да го искористат неговото незадоволство за да можат да формираат пеколно трио во нападот со него Нејмар и Мбапе.

Според истиот извор, ПСЖ бил подготвен на Реал да му плати околу 150 милиони евра за трансферот на Португалецот.

За да го реализираат ова и да не го нарушат финансискиот фер-плеј на УЕФА, во клубот биле подготвени да ги продадат Единсон Кавани, Анхел ди Марија и Гонзало Гедеш кој сезонава беше позајмен во Валенсија.

Scroll to Top