Top Sport

ПСЖ му понудиле мега-договор на Усман Дембеле

Пари Сен-Жермен го направија првиот потег пред летниот преоден рок, нудејќи му фантастичен договор на Усман Дембеле, кому му истекува договорот со Барселона во текот на летото, тврдат шпанските медиуми.

Откако ја освоија титулата во Лига 1, а испаднаа од Лигата на шампионите од Реал Мадрид, во Париз веќе почна да се размислува за летниот преоден рок, со шпекулациите дека Маурисио Почеетино ќе добие отказ, а Килијан Мбапе ќе замине во Реал

Според „АС“, ПСЖ би го замениле Мбапе со сонародникот Дембеле, кој иронично беше донесен во Барселона од Борусија Дортмунд како замена за Нејмар, кога ПСЖ го откупија договорот на Бразилецот. Тие му понудиле неверојатни 17 милиони евра по сезона (и тоа со платен данок), додека Барселона се надева дека ќе го убеди Французинот да остане на „Ноу Камп“.

Scroll to Top