Top Sport

ПСЖ му понудиле нов договор на Тухел

Раководството на Пари Сен Жермен ќе му понуди нов договор на тренерот Томас Тухел, тврди весникот „Ле Парисиен“.

Првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи, по шокантната елиминација од Лигата на шампионите, тој рекол дека верува во германскиот тренер и дека сите одлуки треба да се носат со „ладни глави“.

Клубот ќе му понуди на Тухел да го продолжи договорот кој истекува во јуни 2020 година.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, ПСЖ ќе се насочат кон обврските во домашното првенство, каде веќе ја имаат обезбедено титулата бидејќи имаат предност од 17 бода во однос на Лил.

Scroll to Top