Според шпанското радио „Онда серо“, Пари Сен-Жермен се многу блиску до остварувањето на следната трансфер-цел, потписот со левиот бек на Милан, Тео Ернандез.
ПСЖ повеќе месеци го следат 22-годишниот Ернандез, кој би го преземал местото на Лавин Курзава, откако тој беше еден од најимпресивните фудбалери на „росонерите“ во инаку слабата сезона за гигантот од Милано.
Ернандез пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето од Реал Мадрид, но со враќањето на Леонардо на позицијата спортски директор на ПСЖ, се верува дека тој може да биде убеден да се пресели во Франција. ПСЖ веќе потрошија 50 милиони евра на Мауро Икарди од Интер, и Милан не би го пуштиле својот фудбалер за помала сума.