Пари Сен-Жермен му соопштиле на капитенот Тијаго Силва дека нема да го продолжат неговиот договор по комплетирањето на натпреварите од Лигата на шампионите, тврди „Л’Екип“, давајќи шанса Милан да го донесе искусниот Бразилец.
Според францускиот венсик, 35-годишниот дефанзивец не бил подготвен да добие драстично кратење на платата за да остане на „Паркот на принцовите“, по што е можно враќање на „Сан Сиро“, каде што играше од 2009 до 2012, но и заминување во Евертон кај Карло Анчелоти.
Тијаго Силва освои скудето со Милан во 2010/11, но заедно со Златан Ибрахимовиќ замина во Париз следната сезона.