Францускиот шампион ПСЖ вечерва на „Паркот на принцовите“ убедливо со 4-2 славеше против екипата на Лион и со тоа го запиша петтиот триумф по ред во француската Лига 1.
Прв мрежата на Лион ја начна Анхел Ди Марија во 22. минута, за во 38 минута Мбапе да зголеми на 2-0.
Веќе на почетокот на второто полувреме Марсал во 47 минута постигна автогол за предност на ПСЖ од 3-0.
Сепак фудбалерите на Лион не се предадоа. Во 52 и 59 минута постигнаа два гола и ја вратија неизвесноста. Стрелци на погодоците беа Терие и Дембеле.
Сепак, точка на мечот стави Кавани во 79 минута за конечни 4-2.
ПСЖ е прв на табелата со 61 бод. „Светците“ имаат дури 12 повеќе од второпласираниот Марсеј, додека Лион моментно е на 9 позиција со 33 бода.