Top Sport

ПСЖ нудат 40 милиони за Џанлука Скамака

Според „Калчомеркато“, Пари Сен-Жермен е блиску до потписот на напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака откако понудиле 40 милиони евра плус бонуси за италијанскиот репрезентативец.

Повеќе италијански клубови беа заинтересирани за Скамака во текот на летото, посебно Милан и Интер, но Сасуоло останува на својата желба од 50 милиони евра, која сега е достижна со понудата на францускиот тим. Според „Калчомеркато“, Сасуоло ја одбиле првата понуда од ПСЖ, по што стигнала подобрена втора понуда. „Л’Екип“, пак, тврди дека Скамака веќе се договорил за платата со ПСЖ и се чека на Сасуоло.

23-годишниот Скамака произлезе од академијата на Рома, пред во 2015 година да замине во ПСВ Ајндховен, за во 2017 да се врати во Италија со Сасуоло. Минатата сезона тој имаше 16 гола во 36 меча во Серија А.

Scroll to Top