Пари Сен-Жермен дале понуда од 60 милиони евра за српскиот фудбалер од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди италијанскиот весник „Кориере дела сера“, иако оваа сума сигурно нема да го задоволи претседателот на клубот, Клаудио Лотито.
Весникот тврди дека Лацио се помириле со можноста да го загубат Милинковиќ-Савиќ, но Лотито би сакал да добие повеќе од 60 милиони евра дури и во ситуација во која повеќето клубови се во финансиска криза.
Милинковиќ-Савиќ е во Лацио пет сезони откако пристигна од белгискиот Генк во август 2015 година постигнувајќи 39 гола во 206 настапи за „орлите“.