Пари Сен-Жермен му понудиле на Антонио Ридигер „значителна“ сума пари за трансфер, но дефанзивецот на Челси преферира да направи трансфер во Реал Мадрид, тврдат француските медиуми.
Германскиот дефанзивец има договор до крајот на сезоната, што значи дека е слободен да договори пред-договор со било кој клуб надвор од Англија, и тој веќе имал контакти со ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Јувентус, додека Челси се обидуваат да го убедат да остане на „Стемфорд Бриџ“.
28-годишниот Германец според „Фут Меркато“, добил понуда од околу 8 милиони евра од ПСЖ, значително повеќе од парите кои би ги заработувал во Мадрид, но тој би сакал да игра кај „кралевите“. Ридигер има 176 настапи за Челси по трансферот од Рома во 2017 година.