Top Sport

ПСЖ пред потпис со Карлoс Солер

Валенсија ја прифатила понудата од 18 милиони евра, плус 3 милиони евра во бонуси за трансфер на Карлос Солер во Пари Сен-Жермен, јавуваат шпанските медиуми, откако шпанскиот фудбалер веќе не можеше да чека на обновување на договорот на клубот од неговото детство.

За тимот на Валенсија, ова е нов „удар“ по заминувањето на Гонсало Гуедеш во Вулверхемптон, а трансферот дефинтивино ќе ги налути навивачите на клубот, бидејќи тој беше капитен на клубот и заедно со Гуедеш најдобар стрелец минатата сезона со по 11 гола.

Scroll to Top