Top Sport

ПСЖ се договориле со Шкринијар, се чека Интер

Пари Сен-Жермен се договориле со дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар за платата која Словакот ќе ја добива на „Паркот на принцовите“, а преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, тврди „Калчомеркато“.

Интер се обидуваат да направат финансиски „простор“ за враќањето на Ромелу Лукаку како позајмен играч од Челси, и мораат да продадат барем една од своите ѕвезди. ПСЖ веќе понудиле 50 милиони евра за Шкринијар, но Интер бараат барем 70 милиони евра.

Шкринијар има договор со Интер до јуни 2023 година, но во Париз би добивал значително повисока плата, од 7 милиони евра по сезона.

Scroll to Top