Top Sport

ПСЖ се двоумат дали да го казнат Меси за „неприфатливата“ посета на Саудиска Арабија

Пари Сен-Жермен размислуваат каква казна да му одредат на Лионел Меси за пропуштањето на вчерашниот тренинг на клубот за да отпатува во Саудиска Арабија, тврди „ЕСПН“. Првично, „Л’Екип“ објави дека тренерот Кристоф Галтие им ветил на фудбалерите два дена одмор ако го победат Лориен во неделата, но поразот значеше дека тие ќе бидат повикани на тренинг во понедделник.

Меси отпатувал во Саудиска Арабија за да ги исполни своите обврски како туристички амбасадор на оваа земја, и иако побарал да биде „пуштен“, поразот значел дека немал дозвола од клубот. По 3:1 поразот од Лориен на домашен терен, Меси отпатувал без дополнително да побара дозвола, што креирало тензија во соблекувалната на клубот.

ПСЖ сега се двоумат дали да го казнат остро посебно бидејќи неговиот договор завршува на крајот на сезоната, а тие се обидуваат да му го продолжат договорот. Барселона посакува 35-годишниот Аргентинец да се врати на „Ноу Камп“, а интерес има и кај саудискиот Ал-Хилал и американскиот Интер Мајами.

Scroll to Top