Фудбалерите на ПСЖ го задржаа максималниот ефект во првенството, откако во четвртото коло победија во Ним со 4:2.
Актуелните шампиони на Франција имаа предност од два гола на полувремето. Во интервал од четири минути по гол постигнаа Нејмар и Ди Марија.
Во вториот дел шампионите го потценија притивникот и дозволија Ним да израмни на 2:2 преку Бобишон и Савание.
Сепак, до крајот изненадување спречија партнерите на Нејмар во нападот, Мбапе и Кавани.