Пари Сен Жермен ќе се обидат да им ги расипат плановите на Барселона околу трансферот на Матијас Де Лихт. Холандскиот весник „Де Телеграф“ пренесува дека за Де Лихт, ПСЖ ќе понудат 85 милиони евра.
Покрај Барселона и ПСЖ, интерес за 19 годишниот фудбалер покажале и Манчестер Јунајтед, меѓутоа Де Лихт ја одбил понудата од „Олд Трафорд“. Според истиот извор се очекува фудбалерот да ја одбие и понудата од париз, бидејќи инсистирал на трансфер во Барселона.
ПСЖ нема да се откажат лесно од овој трансфер, бидејќи сакале да им се реваншираат на Каталонвите што во јануари им го „грабнале“ Френки Де Јонг.
ПСЖ на Ајакс им нудат 15 милиони евра повеќе од Барселона, а за Де Лихт подготвиле многу подобри финансиски услови од оние што би ги добил на „Ноу Камп“.