Top Sport

ПСЖ се врати на победите (видео)

По два порази во низа, Пари Сен-Жермен се врати на победите, триумфирајќи со 3:1 над Лил без суспендираниот Нејмар во составот.

ПСЖ минатиот викенд прво изненадувачки загубија на гостувањето кај Стразбург, по што беа поразени и од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Ова беше првпат од декември 2014, парискиот тим да загуби два меча едноподруго, но не постоеше „криза“ бидејќи тие влегоа како прво во групата во осминафиналето на ЛШ, а имаат и убедлива предност во Лига 1.

Анхел ди Марија ги донесе домаќините во водство во 28. минута, по што Хавиер Пасторе го удвои водството четири минути по стартот на второто полувреме. Анвар ел Гази најави интересна завршница со гол за Лил на четири минути пред крајот, но Килијан Мбапе го реши мечот.

Scroll to Top