Пари Сен-Жермен се подготвени да дадат повисока понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали и сега тие се фаворити за неговиот потпис пред Манчестер сити, тврди британскиот „Телеграф“.
ПСЖ биле подготвени да дадат 80 милиони евра за високо ценетиот централен бек, и во него гледаат совршена замена за поранешниот капитен Тијаго Силва, кој замина со слободен трансфер во Челси.
Околу 29-годишниот Сенегалец има многу шпекулации откако претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис го постави на продажба, но само „ако се постигне вистинска цена“. Манчестер сити се долго време заинтересирани за Кулибали, но поради лошите односи со Наполи (поради пропаднатиот трансфер на Жоргињо), преговорите одат преку посредници.
Самиот Кулибали, според италијанските медиуми, не се брза да го напушти Неапол.