Top Sport

ПСЖ со понуда за Погба, но за помалку пари од тие кои би ги добил во Јунајтед

Пари Сен-Жермен му доставиле понуда на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, тврди британскиот весник „Манчестер ивнинг њуз“, давајќи му шанса да го стави крај на несреќното враќање на „Олд Трафорд“.

29-годишниот Французин има понуда на маса за останување од „ѓаволите“, кои исто така зачудувачки му нудат повисока плата од таа која би ја земал во неговиот роден Париз. Според изворите на англискиот весник, Погба најмногу би сакал враќање во Јувентус, иако таква опција е тешко да се оствари.

Вчера, поранешниот соиграч на Погба, Вејн Руни му порача на Французинот дека треба да биде искрен и да признае дека враќањето на „Олд Трафорд“ не ги исполнило очекувањата и да дојде до „срдечна разделба“.

Scroll to Top