Според шпекулациите во Италија и во Франција, Џанлуиџи Буфон по збогувањето со Јувентус ќе се пресели во француските гиганти Пари Сен-Жермен.
40-годишниот Буфон веќе 20-тина години е меѓу најдобрите голмани на светот, од младинските редови на Парма до Јувентус, каде што во 2001 година дојде за рекордни 52 милиони евра. Буфон, човекот кој освои 11 титули во Серија А и 4 Копа Италија, сега е подготвен за нов предизвик, решавајќи да замине од Торино, но не и од светот на фудбалот.
Како можна идна опција за него се споменуваше Кинеската Суперлига, МЛС лигата, а дури и Аргентина, но според „Франс фудбал“ и „Скај спорт Италија“, дестинацијата е поблиска – градот на светлината и „Паркот на принцовите“.
Според шпекулациите, агентот на Буфон, Силвано Мартина веќе ја прифатил понудата на ПСЖ за да биде нивни прв голман во следните две години.
Фото: ЕПА