Top Sport

ПСЖ тргнуваат по Давид де Хеа

Пари Сен-Жермен го идентификувале голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, како главна мета во текот на летниот преоден рок, бидејќи Маурисио Почетино сака да го замени 34-годишниот Кејлор Навас, тврди британскиот „Сан“.

Де Хеа е во Јунајтед речиси една деценија, но останува несигурно дали ќе остане на „Олд Трафорд“, откако во тимот конечно доби конкуренција за стартното место во Дин Хендерсон. Шпанецот ја има најголемата плата во Премиер лигата од 375.000 фунти неделно, што нема да претставува проблем за Пари Сен-Жермен, а со трансфер Јунајтед би добиле средства со кои би можеле да ги остварат желбите на Оле Гунар Солскјер за засилувања.

Хендерсон, пак, од друга страна во следните неколку меча ќе добие шанса да докаже дека е дораснат за првиот тим, откако Де Хеа замина во Шпанија по раѓањето на неговата прва ќеркичка. Де Хеа има 434 настапи за „ѓаволите“ и беше сметан за еден од најдобрите голмани на светот до пред некоја сезона кога почна да прави некарактеристични грешки.

Scroll to Top