Top Sport

ПСЖ заинтересирани за Стивен Џерард!

Стивен Џерарад е меѓу шокантните фаворити да го заменат Кристоф Галтие на чело на еден од најбогатите светски клубови, Пари Сен-Жермен, тврдат англиските медиуми.

Галтие беше ангажиран во текот на летото како насленик на Маурисио Почетино, но по непостојаната сезона во која не направија огромна разлика во Лига 1, а исто така го загубија првиот меч од осминафиналето на ЛШ од Баерн Минхен на домашен терен, многумина во Франција сметаат дека неговите денови се „одброени“.

Изненадувачки е што името на Џерард се споменува во оваа комбинација, посебно по неговите неубедливи настапи со Астон вила, кои го отпуштија по само 40 меча. Претходно, тој успеа да освои титула од Шкотската премиерлига со Ренџерс.

Scroll to Top