Менаџерот на Лестер Клод Пуел не го крие задоволството што Алжирецот Ријад Марез остана на „Кинг Пауер“ стадионот.
Марез во финишот на преодниот рок со сите сили се обиде да го наппушти Лестер. Тој најпрвин побара да биде продаден, а клубот преговараше со Манчестер Сити, раководството на лидерот во Премиер лигата одби да плати 90 милиони евра за Алжирецот.
Во знак на протест Марез одби да игра на синиќешниот дуел со Евертон, најавува и штрајк, но Пуел е сигурен дека тој со насмевка на лицетот ќе се врати во тимот.
„Добра вест е што остана, за останатот ќе видиме со него. Најважно е да го држиме фокусот на останатите фудбалери, а со Марез ќе видиме како ќе биде. Ова се секогаш компликувани ситуации, ќе мора да најдеме решение. Се надевам дека се бргу ќе биде готово и дека Марез ќе се врати со насмевка на лицето“, рекол Пуел.
Во текот бна вчерашниот ден Манчестер Сити за Марез понуди 50, 60 и 65 милиони евра, Лестер бараше 90 милиони евра, поради што на Алжирецот му пропадна трансферот.