Кристијан Пулишиќ би можел да го напушти Челси во зимскиот преоден рок. Англиските медиуми, пишуваат дека за Американецот интерес покажале клубови од Германија и Италија.
Пулишиќ не може да се избори за место во тимот на Томас Тухел, особено го менаџерот на располагање ги има сите фудбалери. Оваа сезона има одиграно 13 натпревари.
Американецот е играч на Челси од 2019 година. Честите повреди го спречија во Челси да ја достигне формата која ја имаше во Борусија Дортмунд.