Top Sport

Пулишиќ, конечно, го облече дресот на Челси

Американскиот талент, Кристијан Пулишиќ, конечно го облече дресот на Челси, позирајќи на „Стемфорд бриџ“, откако го направи трансферот од Борусија Дортмунд за 58 милиони фунти во јануари, но остана уште половина сезона во германскиот клуб.

20-годишниот Пулишиќ изгледаше пресреќен во новото опкружување, и изјави дека би едвај чека да игра покрај Н’Голо Канте следната сезона. Се очекува Пулишиќ да биде замена за Еден Азар, кој како што одат работите, најверојатно веќе е фудбалер на Реал Мадрид.

„Да се вратам во Англија, да зборувам англиски и да се сретнам со новите соиграчи. Една од моите најголеми желби е да играм во Премиер лигата и да се биде фудбалер на Челси е огромна чест. Што можат да очекуваат навивачите од мене? Добар тимски играч кој ќе го даде максимумот“, вели Пулишиќ.

Scroll to Top