Челси се лидери во трката за потпис на американскиот талент Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд, тврди „Дејли мејл“, откако германскиот клуб, конечно, е подготвен да го продаде по прекинот на преговорите за нов договор.
„Милионерите“ се познати по тоа што ретко пуштаат некој фудбалер да им избега без отштета, а бидејќи договорот му завршува во 2020 година, летото 2019 ќе биде последна шанса добро да се „искешира“.
20-годишниот Американец не се договори за продолжување на договорот и Челси се први фаворити за фудбалерот кој според проценките вреди 70-тина милиони фунти, иако во последно време се наоѓаат под закана за забрана на трансфери поради наводното „врбување“ на млади фудбалери. Оваа недела, самиот Пулишиќ призна дека би сакал да се обиде во Премиер лигата.
„Англија, Премиер лига, сите деца сонуваат да играат таму. Нема причина зошто и јас да не мислам така. Но, во моментов имаме одлична сезона со Дортмунд и сакам да уживам во тоа. Кога ќе дојде времето ќе зборуваме за мојата иднина“, вели Пулишиќ.
Фото: ЕПА