Американскиот талент Кристијан Пулишиќ признава дека е навивач на Манчестер јунајтед и не отфрла можност во иднина да замине од Борусија Дортмунд во англиската Премиер лига.
19-годишниот играч од средниот ред е еден од најталентираните фудбалери на светот, и повеќе тимови би сакале да го „грабнат“ од Борусија, како Реал Мадрид и Ливерпул. Сепак, трансфер на „Олд Трафорд“ би бил по мерка на Американецот.
„Да, кога раснев бев голем навивач на Јунајтед. Секако, сега сум под договор со Дортмунд и не разгледувам други тимови и се фокусирам на работата. Но, убаво е да се слушне дека Јунајтед е заинтересиран за тебе. Премиер лигата е фантастична лига и никогаш не знаеш што ќе се случи во иднина“, вели Пулишиќ во интервју за „ЕСПН“.
Ако се верува на германскиот ТВ-канал „Спорт1“, Дортмунд веќе одредиле цена за Пулишиќ од неверојатни 100 милиони евра, и подготвени се да му понудат нов подобрен договор за да остане на „Вестфален“.