Top Sport

Пулишиќ се повреди на мечот против Хондурас

Фудбалскиот репрезентативец на САД, Кристијан Пулишиќ доживеа повреда на скочниот зглоб на квалификацискиот меч за Мундијалот во 2022 година во Катар против селекцијата на Хондурас.

Пулишиќ теренот го напушти во 62. минута, а неговата селекција на гостувањето славеше со 4-1.

„Кристијан има полесна повреда на скочниот зглоб. Ќе добиеме повеќе информации за тоа кога ќе се врати во Лондон“ рече селекторот на САД, Грег Берхалтер за играчот на Челси.

Пулишиќ претходно пропушти два меча за „сините“ во Премиерлигата поради позитивен тест на Ковид 19.

Минатата сезона крилниот фудбалер одигра 43 меча за челси, постигна 6 гола, а стана и првиот Американец кој освоил европска шампионска титула.

Scroll to Top