Европското фудбалско првенство оваа година ќе се одржи во 11 градови ширум континентот, а само на еден од стадионите ќе можат да бидат исполнети сите столчиња на трибините.
Се работи за „Пушкаш арената“ во Будимпешта, Унгарија. За разлика од таму, во Баку (Азербејџан) и Санкт Петербург (Русија) на трибините ќе може да има максимум 50% од капацитетот на стадионите.
Фудбалските фанови во Севилја ќе моѓат да исполнат само 30% од капацитетот на стадионот „Ла Картуха“ откако овој град ја доби можноста за организација на местото на Билбао. Баскијците се откажаа затоа што не можат да гарантираат дека на стадионот ќе може да има само 25% од капацитетот на стадионот, колку што одреди УЕФА.
Рим, Амстердам, Букуреш, Глазгов, Минхен и Лондон можат да прифатат 25% од капацитетот на стадионите, додека Копенхаген потврди дека на нивниот стадион ќе можат да присуствуваат меѓу 25 и 33%.
Претходно беше одлучено кои 12 градови ќе се домаќини, но и „Авива стадионот“ во Даблин не може да гарантира минимален број на гледачи, па УЕФА одлучи натпреварите кои требаше да се одиграат во Република Ирска, да се преместат за Лондон, односно Санкт Петербург.
ЕУРО започнува на 11 јуни и ќе трае до 11 јули годинава.