Претседателот на Русија, Владимир Путин имаше своје обраќање пред присутните во Кремљ, во пресрет на ждрепката за Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи наредната година.
Шефот на руската држава изрази надеж дека неговата земја ќе им биде добар домаќин на најдобрите светски фудбалери.
„Дојдовме до завршната фаза, 32 најдобри светски репрезентации, ќе ги дознаат имињата на противниците во осумте групи. Со големо нетрпение Русија го очекува овој шампионат и се радуваме што најдобрите светски фудбалери своите квалитети ќе ги демонстрираат во нашата земја. Се надевам дека ова СП ќе ја промовира Русија и ќе промовира добар фудбал. Дадовме се од себе во сите региони да бидеме подготвени за СП. Очекувам Русија да ја оправда својата улога на домаќин. Престојниот Мундијал ќе биде промоција на фудбалот и можност за напредок на младите бидејќи тоа е најважно, оние кои доаѓаат да уживаат во фудбалот. Ова ќе биде турнир на мирот и се надевам дека организациски ќе биде еден од најдобрите“, рече рускиот претседател Путин.
Првиот човек на ФИФА Џани Инфантино им се заблагодари на домаќините.
„Благодарност до рускиот народ кој во изминатите седум години работеше многу напорно и поради тоа ние сега се наоѓаме чекор поблиску до СП. Исто така благодарност до сите 11 градови домаќин на брилијантната работа која ја завршија. Оваа сцена сега им припаѓа на легендите. Уживајте во она што следува“, рече Инфантино со што го означи почетокот на ждрепката.
СП во Русија ќе се игра од 14.јули до 15.јуни 2018 година.