Top Sport

Рабио е мета на „карамелите“ и „топчиите“

Премиерлигашите Евертон и Арсенал се заинтересирани во своите редови да го доведат играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио (24).

Новиот менаџер на „Карамелите“, Анчелоти го сака Рабио во Ливерпул откако претходно соработуваа заедно во ПСЖ.

И „топчиите“ се во потрага по играч од средниот ред, а Рабио се вклопува во филозофијата на новиот предводник, Артета.

Медиумите во Италија информираат дека цената на Рабио е околу 25 милиони евра. Тој сезонава има одиграно 12 натпревари за Јуве.

Scroll to Top