Адријен Рабио, откако ја мина голготата во Пари Сен Жермен потпиша договор со Јувентус, а според италијанските медуми тој не бил сигурен дека го направил вистинскиот избор.
Поранешниот француски репрезентативец во текот на летото имал неколку понуди, меѓу кои и од Барселона и Тотенхем, но тој го одбрал Јувентус, бидејќи добил и одредена сума на пари само што го ставил својот потпис на договорот.
Иако играше во подготвителниот период, од почетокот на сезоната тој одиграл само 27 минути. Барем засега Мауруицио Сари го нема во плановите. Тренерот на Јувентус вообичаено во редот за врска игра со Пјаниќ-Матуиди и Кедира, а во саботата од почетокот играше Арон Ремзи.
Она што претставува проблем за Рабио е тоа што неговиот сонародник Матуиди игра одлично од почетокот на сезоната, а против Атлетико во Лигата на шампионите постигна и гол.