Top Sport

Рабио веќе се договорил со Јувентус!

Јувентус добиваат засилување во фрнацускиот фудбалер од средниот ред Адриен Рабио, кој наводно се согласил за слободен трансфер од Пари Сен-Жермен со петгодишен договор со плата од 7 милиони евра по сезона.

Покрај ова, 24-годишниот Рабио, кој беше оставен надвор од тимот на ПСЖ цела сезона поради одбивањето да го продолжи договорот, ќе добие бонус од 10 милиони евра за потписот.

Рабио беше сметан за еден од најдобрите таленти во францускиот фудбал, со над 200 настапи за ПСЖ и шест лигашки титули, меѓутоа по несогласувањата со управата на тимот, од декември беше „ставен на мраз“.

Рабио беше поврзуван со Манчестер јунајтед, но италијанските медиуми тврдат дека Јуве повторно склучи договор со слободен фудбалер, како со Арон Ремзи од Арсенал.

Scroll to Top