Top Sport

Работата е „завршена“ – Манџукиќ во Јунајтед?

На Манчестер јунајтед најверојатно ќе им се оствари желбата во јануари да го донесат хрватскиот ветеран Марио Манџукиќ, откако британскиот таблоид „Сан“ тврди дека Хрватот е подготвен да почне да тренира со Јунајтед за да ги примора Јувентус да го продадат.

Тоа не би било првпат фудбалер да се реши на ваков потег. Тијаго Силва во 2009 година од бразилскиот Флуминенсе премина во Милан и тренираше со „росонерите“ и пред да потпише договор.

Сумата на трансферот и парите кои Манџукиќ би ги заработувал во Јунајтед не се познати, но шпекулациите велат дека се работи за 10 милиони евра за премин и околу 5 милиони евра годишна плата.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пак, неодамна најави дека е можно во јануари тимот воопшто да не троши на трансфери пред „шопингот“ на лето, и секој трансфер кој би го направил во зимскиот преоден рок би бил позајмица на фудбалери.

Scroll to Top