Искусниот напаѓач Кристијан Кировски потпиша едногодишен договор со екипата на Работнички. Кировски изминатите две години играше во фудбалскиот шампионат на Тајланд.
„Среќен сум што постигнав договор со раководството на Работнички и ќе се трудам максимално да ја оправдам довербата и со добри игри да му помогнам на тимот да ги исполни своите цели во пролетниот дел од првенството. По две години на Тајланд се враќам во македонскиот фудбал и имам големи мотиви“, изјавил за клупската интернет страница Кировски.
Напаѓачот во минатото беше дел од Работнички и тоа во сезоната 2007/2008.
„Успеавме да постигнеме договор со Христијан Кировски, кој е искусен и квалитетен напаѓач, и сигурно ќе ни биде од голема помош во пролетниот дел од сезоната“, рекол спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.
извор:fkrabotnicki.com