Фудбалскиот клуб Работнички го реализираше првиот трансфер во зимскиот преоден рок. Нов играч на „романтичарите“ е поранешниот играч на Шкендија, искусниот Арменд Алими.
Алими, претходните седум сезони играше за Шкендија. 34-годишникот ќе ја засили конкуренцијата во редот за врска и ќе се обиде да му помогне на Работнички да обезбеди место во европските купови наредната сезона.